Македонски
Почетна Активности

Активности
Лансиран веб-сајтот „Дигитални складишта“ PDF Печати Е-пошта
14.07.2010

Фондацијата Метаморфозис објави нов веб-сајт наменет за високо-образовните, истражувачките и воопшто за сите институции кои планираат да воспостават дигитално складиште за архивирање на своите документи, трудови, софтвер, наставни ресурси, мултимедијални фајлови и сл.

Веб-сајтот „Дигитални складишта“ е адаптација на содржините од инфо-алатката „Digital Repositories“ објавена од JISC infoNet. Достапен е на македонски јазик, а набрзо ќе биде пуштен и на албански.

Инфо-алатката за дигитални складишта е практичен „како да“ водич кон воспоставување и раководење со дигитални складишта. Таа содржи информации кои се протегаат од почетната идеја за дигитално складиште и процесот на планирање, преку детални описи за воспоставување и промоција на складиштето, до негово одржување и управување.

Овој ресурс е напишан за администраторите на складишта, но не бара претходно искуство во оваа работа, ниту пак техничко знаење. Алатката може да ја користи секој што има потреба од запознавање со која било од опфатените теми, додека за понатамошно користење на содржините во дигитална форма, треба да се почитуваат условите од Криејтив комонс лиценцата Наведи извор 2.5 Македонија.

digitalni-skladishta

 

Сајтот истовремено служи за поврзување со детални информации за преземање, инсталирање и користење на DSpace како слободна софтверска алатка за поставување дигитални складишта. Исто така, тука ќе се поставуваат, во вид на линкови, сите дигитални складишта, достапни онлајн за целата јавност, а воспоставени и уредувани од институции лоцирани во Македонија.


Што е дигитално складиште?

Дигиталните складишта овозможуваат управување, складирање и пристап до дигитални содржини. Тие можат да бидат во многу облици и секакви веб-страници и бази со податоци можат да се сметаат за складишта. На сајтот главното внимание се посветува на институционалните складишта и алатката ги одразува најдобрите тековни практики во заедницата на институционалните (со слободен пристап) складишта.

Предностите од депонирањето дела во дигитални складишта со отворен пристап се бројни: поголема видливост на резултатите од истражувањата, зголемено влијание на публикациите, можност за мерење на користењето на трудовите, локална и глобална пристапност до содржините, воспоставување соработки, финансиска заштеда итн.
Deli.cio.us    Digg    reddit    Facebook    StumbleUpon
 
Дистрибуција на стрип-албумот за приватноста „Под надзор“ (на англиски јазик) PDF Печати Е-пошта
13.07.2010
Членовите на Пинг.мк имаат прилика да се пријават да добијат бесплатен примерок од стрип-албумот за приватноста „Под надзор“ (на англиски јазик) издаден од асоцијацијата ЕДРИ - Европски дигитални права чиј член е Фондацијата Метаморфозис.
Тагови: стрип , под надзор
Повеќе...
 
Одржана обука за користење на DSpace на Економски институт PDF Печати Е-пошта
12.07.2010

На 8 јули, на Економскиот институт се одржа обука за користење на DSpace. Целта беше подготовка на кадарот за уредување и полнење на дигиталното складиште на институтот кое во наредниот период ќе стане достапно за целата јавност.

Обуката ја проследија 6 луѓе од персоналот на институтот кои понатаму ќе имаат улога во осмислување на структурата на складиштето (негова поделба на заедници и колекции), како и во процесот на самото депонирање во него.


Во рамките на 3 часовната обука, учесниците се запознаа со начинот на кој функционира DSpace и практично го разгледуваа истиот преку македонскиот интерфејс  кој беше направен во рамките на проектот Отворен пристап.

Deli.cio.us    Digg    reddit    Facebook    StumbleUpon
 
Објавена виртуелна машина со DSpace на македонски и албански PDF Печати Е-пошта
12.07.2010

Бесплатниот софтвер за креирање и објавување на дигитални складишта DSpace, отсега е достапен како виртуелна машина во OVF (Open Virtualization Format) која може да се постави и пушти во функција за помалку од 1 час во зависност од конфигурацијата на серверот на кој се инсталира.

Повеќе...
 
Проект МЕК: Одржана обука за односи со јавност PDF Печати Е-пошта
07.07.2010

IMG00498-20100703-1057На 3 и 4 јули 2010 година во Струга Фондацијата Метаморфозис ја одржа обуката за односи со јавноста наменета за членовите на Комисиите за односи меѓу заедниците и општински службеници од четирите пилот-општини од проектот МЕК.

Тагови: МЕК
Повеќе...
 
10 јавни дебати низ Македонија за промоција на различни каузи PDF Печати Е-пошта
06.07.2010
Во периодот 9-24 јуни се одржаа 10 јавни дебати во 10 градови во Македонија, чија цел беше поттикнување на критичко размислување за општествено важни теми и промоција на блог платформата kauza.mk како бесплатна и моќна алатка за застапување за одредени промени.
Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Лист 1 од 39

Наши изданија

ping_logo

Рецензија на сајтови


sajt_na_denot

Creative Commons iconОсвен во случаите каде што не е експлицитно наведено поинаку, содржините на овој веб-сајт се лиценцирани
според лиценцата на Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела 2.5