|
02.07.2003 |
|
Со цел да се зголеми употребата на програмот Microsoft Reader, софтверскиот гигант на почетокот на месецот Јули соопшти дека ќе понуди бесплатно симнување на е-книги, бестселери, кои ке бидат достапни во следните 20 недели.

За да ги доближи корисниците до својот програм Reader и да го зголеми своето учество на пазарот во однос на присутниот Acrobat софтвер на Adobe, Microsoft организираше и претходно слични промоции, но не во толкава големина и со толкаво траење.
Пред една година компанијата овозможи софтверот Microsoft Reader 2.0 да се симнува од интернет, со каталог во кој се наоѓаат повеке наслови на е-книги.
Во текот на оваа промоција, корисниците ќе можат преку своите Pocket PC, Tablet PC, лаптопи или десктопи да симнуваат три е-книги неделно, од Microsoft’s Web site, на кој се понудени многу наслови.
- „Сакаме да изградиме свесност кај луѓето за е-книги и Microsoft Reader. Корисниците се задоволни со ваквото читачко искуство, и би сакале нивниот број да се зголемува“-вели Cliff Guren, менаџер во компанијата.
|