Македонски
Почетна Активности Одржана работилница за дигитални приказни во Долна Нормандија

Одржана работилница за дигитални приказни во Долна Нормандија PDF Печати Е-пошта
19.02.2010

Во периодот 9-11 февруари, во градот Каен, Долна Нормандија, се одржа работилница за дигитално раскажување приказни на тема: „Како јас придонесувам за унапредувањето на мојата заедница?“

Тридневната работилница беше наменета за претставници од дигитални клубови во регионот, кои методологијата за дигитално раскажување приказни ќе ја применуваат во својата работа во иднина.

Првиот ден учесниците се запознаваа со концептот на дигитално раскажување приказни, следеа примери и дискутираа за методологијата, што резултираше со креирање на нивните лични приказни во пишана форма. Вториот и третиот ден работата беше претежно техничка – снимање и обработка на приказните во аудио формат, наоѓање и обработка на слики и фотографии и целосна монтажа на видео материјалот.

За аудио обработка се користеше слободниот софтвер Audacity, фотографиите и сликите беа селектирани од веб-сајтот Creative Commons и потоа обработувани во временски ограничена верзија од Photoshop Elements. Таа беше избрана заради добриот кориснички интерфејс, мноштвото опции кои се едноставни за користење, како и за да им се овозможи на учесниците да се запознаат со софтвер кој претходно не го користеле во својата работа. Видеата ги обработуваа во Windows Movie Maker. За обуката се пријавија 10 учесници од кои 9 ја проследија првиот ден, додека 6 аниматори кои зедоа учество, успешно ги завршија своите дигитални приказни. Сите приказни се на француски јазик, но ќе следува превод на македонски и англиски. На тој начин, тие ќе можат да досегнат до поголема публика.

Обуката ја спроведоа Ирина Шумадиева и Елена Игнатова на англиски јазик, додека преводот на француски беше обезбеден од еден од учесниците.


Дополнување: Транскрипцијата и преводот на дигиталните приказни на македонски јазик се достапни овде.

Deli.cio.us    Digg    reddit    Facebook    StumbleUpon
 

Наши изданија

ping_logo

Рецензија на сајтови


sajt_na_denot

Creative Commons iconОсвен во случаите каде што не е експлицитно наведено поинаку, содржините на овој веб-сајт се лиценцирани
според лиценцата на Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела 2.5