| Став на Фондацијата Метаморфозис во врска со ограничувањето пристап до дигитални содржини со цел заштита на децата |
|
|
|
| 05.02.2010 |
|
Фондацијата Метаморфозис го изнесува следниот став во врска со улогата на државата во процесот на заштита на децата од ризици при користење на новите технологии со употреба на системи за филтрирање содржини од интернет и системи за категоризација на компјутерски игри: Релевантните истражувања и искуствата од целиот свет, во прв ред од европските земји во кои дејствуваат членките на асоцијацијата ЕДРИ (Европски дигитални права) , меѓу кои е и Македонија, другите европски држави, меѓу кои Турција и Белорусија, како и САД, Венецуела, Австралија, Саудиска Арабија, Иран и Кина, укажуваат дека директното мешање на државата во регулирањето на пристапот до дигиталните содржини, без разлика со кој изговор – дури и во општествата со развиена демократија, доведува до искористување на воспоставените механизми за: цензура, прекумерно следење, злоупотреба во идеолошки цели, политизирана репресија и загрозување на фундаменталните човекови права. Покрај тоа, воспоставените механизми за блокирање во најголема мера се покажуваат неефикасни во остварување на зацртаните цели за заштита на децата и претставуваат попусто трошење на ограничените буџетски средства. Сите форми на превенција од ризици мора да се засноваат на урамнотежување на потребите за заштита од криминалните дејствија со реално согледување на предностите кои ги носат новите технологии, како и воспоставување механизми за транспарентност и отчетност со кои граѓаните ќе имаат директна моќ да спречат или да санираат последици од злоупотреба од страна на надлежните институции. Затоа, во процесот на заштита на децата од несаканите последици од употреба на новите технологии, државата најдобро е да ја фокусира својата енергија на:
Притоа, развојот на механизмите за категоризација и етикетирање содржини би требало да се остави на ниво на:
Во сите свои активности, државата мора да земе предвид дека, иако на меѓународно ниво непречениот пристап до интернет и до другите нови технологии сè уште не се смета за фундаментално човеково право (со исклучок на пионерите Франција и Финска ), бездруго е исклучително важно право, кое постојано се афирмира на ниво на ЕУ, меѓу другото, и со Резолуцијата на Европскиот парламент за културни индустрии во Европа во која се истакнува дека интернет е „широка платформа за културно изразување, пристап до знаења и демократско учество во Европската креативна сфера, спојувајќи различни генерации во информатичкото општество“ заштитена со правото на слобода на изразување. Студијата за ефективноста на мерките за филтрирање нарачана од Владата на Австралија ги има идентификувано следните недостатоци на ваквиот пристап:
Фондација Метаморфозис Тагови: Фондација Метаморфозис , став , приватност на интернет , цензура , филтрирање на содржини , ограничување на пристап |