Во периодот 9-24 јуни се одржаа 10 јавни дебати во 10 градови во Македонија, чија цел беше поттикнување на критичко размислување за општествено важни теми и промоција на блог платформата kauza.mk како бесплатна и моќна алатка за застапување за одредени промени.
Секоја дебата беше дизајнирана така што имаше по двајца дебатери за двете спротивставени страни, еден модератор и по еден претставник од блоговите кој им ја доближуваше темата на присутните. На секоја дебата имаше по 20-30 учесници.
Следува распоредот на дебатите низ градовите и темите на дискусија:
9.06.2010: Струга – улогата на социјалните медиуми како алатки за активно граѓанско учество (промоција на kauza.mk)
11.06.2010: Штип – Вегетаријанството како начин на живот (промоција на vegetarijanstvo.kauza.mk)
11.06.2010: Кратово – Како до поголема лична финансиска одговорност? (промоција на moipari.kauza.mk)
14.06.2010: Велес – Повторно воведување на смртната казна во Македонија – да или не? (промоција на zivotzazivot.kauza.mk)
14.06.2010: Неготино – Статусот на маргинализираните групи во Македонија – постои ли позитивна дискриминација? (промоција на stavitocka.kauza.mk)
15.06.2010: Битола – Практикување на облици на современа уметност (промоција на sovremenaumetnost.kauza.mk)
15.06.2010: Ресен – Меѓуетнички соживот во Македонија (промоција на tolerancija.kauza.mk)
16.06.2010: Кичево – Влијанието на интернетот врз современото новинарството (промоција на novinarstvo.kauza.mk)
23.06.2010: Дебар – Меѓуетнички соживот во Македонија (промоција на tolerancija.kauza.mk)
24.06.2010: Скопје – Дали постои приватност на интернет? (промоција на privatnost.kauza.mk)
Освен во случаите каде што не е експлицитно наведено поинаку, содржините на овој веб-сајт се лиценцирани според лиценцата на Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела 2.5