| Извештај: Функционалност на општинските веб-сајтови како средство за објавување информации |
|
|
|
| 30.12.2010 |
|
Во извештајот „Функционалност на општинските веб-сајтови како средство за објавување информации“на, издаден на 26.10.2010 година, беше извршена анализа на функционалноста на веб-сајтовите на единиците на локална самоуправа. Истражувањето беше поттикнато од прашањето на пратеникот г. Васко Шутаров поставено на надзорната расправа за законот за слободен пристап до информации од јавен карактер одржана во Собранието на РМ на 21.10.2010. Базата на Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер (КОМСПИ) како официјален регистер во кој општините законски се обврзани да ги пријават начините на кои објавуваат информации, беше земена како основен извор на информации. Покрај базата на КОМСПИ беше користен и веб-сајтот на Министерството за локална самоуправа на Република Македонија (МЛС), односно нивната интерактивна мапа на сите општини од РМ како и македонскиот портал Маседониа Срч и американскиот пребарувач Гугл. Главна претпоставка на истражувањето беше дека веб-сајтот е јавно гласило кое општината го креира и администрира во рамките на своите надлежности. Поради тоа основниот параметар при испитувањето беше дали ЕЛС ја исполнуваат законската обврска да „покрај македонскиот јазик во службена употреба“ употребуваат и други локални јазици при комуникацијата со граѓаните преку општинскиот веб-сајт. За секој функционален сајт во табела беа забележувани одговорите на следните прашања:
Непостоењето или нефункционалноста на обврзните јазични верзии беше земено како важен параметар при определување на нивото на функционалност. Од истражувањето беа изведени следниве заклучоци:
Оттука беа изведени и следниве препораки:
Доколку сакате да го видите целиот извештај кликнете тука |