| Дебар: Одржана oбука за користење на Wiki.mk |
|
|
|
| 05.04.2011 |
|
На 1 април 2011 г. во просториите на „Центарот за поддршка на невладини организации“ во Дебар беше одржана „Обука за користење на Wiki.mk“. Обуката беше спроведена од невладината организација „Викимедија“ во рамките на ИКТ компонентата на проектот за децентрализирана соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија на Фондацијата Метаморфозис кој се реализира во партнерство со горенаведената организација.
На почетокот на обуката, обучувачот, г. Кирил Симеоновски, ја претстави накратко Вики технологијата, нејзиното значење, предностите од нејзино користење, како и различните Вики проекти: Википедија, Вики патувања, Вики книги и сл. Во овој дел беше претставен и проектот Wiki.mk на кој беше фокусиран понатамошниот дел од обуката. Работејќи на конкретна статија, учесниците, чекор по чекор, ги совладуваа правилата за уредување на различни содржини. Работеа по овој редослед:
На крајот, обучувачот ги повика присутните да придонесуваат што е можно повеќе за збогатување на содржините на Wiki.mk, како и на останатите Вики проекти. Во периодот на месец април, слични вакви обуки ќе бидат одржани во Велес и Скопје. Тагови: Викимедија , Викимедија Македонија , е-содржини , википедија , долна нормандија , basse normandie |