| Зошто е-отпадот претставува проблем? |
|
|
|
| Напишано од Елена Игнатова |
| 30.03.2011 |
|
Електронските и електрични уреди имаат уникатни карактеристики кои го прават нивното производство и консумирање извор за висок импакт врз општеството и животната средина и токму тоа ги прави проблематични кога стануваат отпад.
„Сите уреди се дизајнирани за да ги фрлите кога ќе завршите со нив. Но каде да ги фрлите? Секако, тоа место не постои навистина! (Мекдонах и Браунгарт 2002)“ Проблем 2: Електронските и електрични уреди содржат многу токсични супстанци, што го прави е-отпадот токсичен. Повеќе од 1000 материјали се користат за да се направат нашите електронски гаџети и нивните компоненти – проводниците за чиповите, матичните плочи, дисковите итн. Многу од нив се токсични, меѓу кои ПВЦ, тешки метали (како олово, жива, арсен и кадмиум), хексавалентен хром, пластика и гасови кои се штетни за човековото здравје и животната средина доколку не се раководат соодветно. Депониите се најчестото место каде што завршува е-отпадот, а дури и најсовремените депонии не успеваат да спречат истекување на тешките метали и други токсични супстанци во почвата и водите. Проблем 3: Електронските и електрични уреди содржат многу скапоцени и ретки материјали. Покрај штетните, токсични супстанци, електронските и електрични уреди содржат и други супстанци кои се од голема вредност. Поголемиот дел од скапоцени супстанци се наоѓаат во шемите на печатено коло (printed circuit boards). Во компјутерите може да се најде железо, алуминиум, бакар, олово, никел, лим, злато, сребро, платина и паладиум. Металите и другите скапоцени супстанци може да се најдат и во други електронски компоненти, како бакар во жиците и железо и алуминиум во уредите за домаќинството. „Повеќе злато може да се одвои од тон користени шеми на печатено коло, отколку од 17 тони од руда злато (Гросман 2010)“
|