Македонски
Почетна ИКТ Вести Македонија Конференција за стратешки пристап во развојот на механизмите за заштита на личните податоци
Конференција за стратешки пристап во развојот на механизмите за заштита на личните податоци PDF Печати Е-пошта
28.11.2011

На 25 ноември, во хотелот Стоун Бриџ се одржа меѓународна конференција чија цел беше презентација на Стратегијата за заштита на личните податоци за периодот 2012-2016.

Настанот го организираше Дирекцијата за заштита на личните податоци со поддршка од Делегацијата на Европската Унија и проектниот тим на ИПА 2008 проектот „Поддршка во подготовка на стратешки документи и соодветни акциски планови, вклучувајќи и истражување за свеста на медиумите за подобрена имплементација на правото на заштита на личните податоци", кој се имплементираше во периодот март-ноември 2011 година.

Се разгледуваа предизвиците на институционална заштита на личните податоци  и тоа од аспект на развој на потребните механизми. Покрај Стратегијата и Акцискиот план за нејзино спроведување, беше презентирано и истражувањето за свеста на медиумите за подобрена имплементација на правото за заштита на личните податоци. Двата документа, како резултат на проектот, се меѓу првите од ваков вид во Европа.

Учеството на претставник од Метаморфозис на овој настан беше во знакот на досегашната соработка со Дирекцијата на повеќе проекти поврзани со приватноста. На ова претходеше анализа на стратешкиот документ од страна на Метаморфозис и испраќање на забелешките до Дирекцијата.

 

Наши изданија

ping_logo

Приватност на интернет на лесен начин

Filmovi-opme
Igri-opme

sajt_na_denot
sakas_da_volontiras

Creative Commons iconОсвен во случаите каде што не е експлицитно наведено поинаку, содржините на овој веб-сајт се лиценцирани
според лиценцата на Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела 2.5