Македонски
Почетна ИКТ Вести Македонија Македонија: Почеток на Иницијативата за отворени податоци преку Партнерството за отворена влада
Македонија: Почеток на Иницијативата за отворени податоци преку Партнерството за отворена влада PDF Печати Е-пошта
09.02.2012
Агендата за создавање на Акциски план на Партнерството за отворена влада за Македонија беше претставена на состанокот на повеќе чинители одржан во Скопје на 30 јануари, 2012 година.

Отворените податоци се важен дел на овој концепт, бидејќи македонските власти го одредија создавањето на Отворени е-услуги како приоритет во развојот на е-влада.

Во 2011 година, 50 земји јавно се обврзаа кон принципите на Отворена влада: транспарентност, отчетност и граѓанско учество, како дел од Партнерството за отворена влада (ПОВ) - нова глобална иницијатива за подобро владеење. 41 земји-членки на ПОВ, вклучително и голем број клиенти на Светската банка, се во процес на дефинирање на опсегот на нивните обврски и Отворениот пристап се очекува да биде клучен дел на овие акциски планови на земјите.

Македонија го започна процесот на приклучување кон ПОВ во август, 2011 г. Во декември, владините претставници предводени од министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, заедно со претставници на граѓанскиот и бизнис секторот како и академската заедница, учествуваа во Глобалниот дијалог за улогата на Отворените податоци во отворањето и трансформирањето на владеењето, спроведен преку видео-конференција, а дискусијата се ширеше и преку хаштагот на Твитер #openDTA.

Како дел од своите заложби да се приклучи кон Партнерството за отворени податоци, Македонија е во процес на усвојување на Акциски план за ПОВ, а Канцеларијата на Светската банка во Скопје беше домаќин на уште еден состанок меѓу разни чинители на 30 јануари, 2011 година. Според владините претставници, процесот на усвојување на Акцискиот план ќе продолжи со следниве активности:

  • Формално одобрување од кабинетот (во текот на оваа недела)
  • Формирање Работна група одговорна за подготовка на Акцискиот план
  • Отворени консултации организирани од Владата за да се овозможи учество на граѓанското општество, бизнис-секторот, академските институции и сите други релевантни чинители во активностите на Работната група
  • Работилница за Работната група за да се заврши финалниот нацрт на Акцискиот план
  • Презентација на Акциониот план за носителите на одлуки преку работилница на повисоко ниво

Горенаведениот процес ќе се одвива во текот на февруари и март, а конечната верзија на македонскиот Акциски план за ПОВ ќе се претстави официјално на 15 април на Годишната концеренција за ПОВ во Бразилија.

Владините претставници истакнаа дека во процесот на создавање на Акцискиот план е добредојдено учеството на граѓанските организации, бизнис-секторот и академската заедница. Учеството на невладините чинители може да се покаже како особено значајно, особено во областа на поставување приоритетни тематски области кои ќе се опфатат со Акцискиот план, а и во помагање на владата да идентификува кои од нејзините збирки податоци треба да се отвораат најпрво, со што ќе се овозможат брзи резултати преку придобивките за организациите кои ќе ги користат, анализираат и визуелизираат податоците за доброто на граѓаните и потрошувачите.

Претставниците на Светската банка укажаа дека Светската банка има намера да продолжи да го поддржува партнерството на Македонија со ПОВ преку овозможување размена на знаења и вмрежување. Еден аспект од овој процес ќе биде создавање на Заедница на пракса што ќе овозможи различни чинители да продолжат да работат на отворањето податоци по усвојувањето на Акцискиот план, што ќе се одрази во текот на процесот на евалуација на напредокот на Македонија во Партнерството до крајот на годината.

Фондацијата Метаморфозис е глобален партнер од Македонија во рамките на Иницијативата за отворени податоци основана од Светската банка.

 

Наши изданија

ping_logo

Приватност на интернет на лесен начин

Filmovi-opme
Igri-opme

sajt_na_denot
sakas_da_volontiras

Creative Commons iconОсвен во случаите каде што не е експлицитно наведено поинаку, содржините на овој веб-сајт се лиценцирани
според лиценцата на Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела 2.5