Македонски
Почетна ИКТ Вести Свет Дигитална агенда: сè повеќе граѓани на ЕУ ги користат јавните сервиси на интернет
Дигитална агенда: сè повеќе граѓани на ЕУ ги користат јавните сервиси на интернет PDF Печати Е-пошта
24.02.2011
Според 9-от европски извештај за реперите за е-власт објавен денеска, сè повеќе луѓе низ ЕУ сега имаат пристап до јавните сервиси на интернет.

Просечната достапност на јавните сервиси на интернет во ЕУ се искачи од 69% во 2009г. на 82% во 2010г. Поставувањето на повеќе владини услуги на интернет придонесува за намалувањето на трошоците на јавната администрација и исто така ја намалува бирократијата за бизнисите и граѓаните.

Во извештајот се наведени најуспешните и најнеуспешните земји во ЕУ на ова поле, фокусирајќи се на два основни јавни сервиси: „барање работа“ и „стартување компанија “. Иако државните администрации во Европа се движат во вистинската насока, сè уште постои нееднаквост меѓу земјите. Исто така, има простор за подобрување во областа на е-набавките. Како дел од Дигиталната агенда за Европа, Европската унија има за цел еден од двајца граѓани и четири од вкупно пет фирми да користат услуги на е-власт до 2015г. Заклучоците од извештајот обезбедуваат корисни повратни информации за целите на Акциониот план за е-власт објавен од Комисијата во декември 2010 година за соработка со државните органи на земјите-членки за проширување и подобрување на услугите кои тие ги нудат преку интернет.

Нели Крос, Потпретседателот на Европската Комисија за Дигиталната агенда вели:. „Задоволна сум што сè поголем број од граѓаните на ЕУ сега можат да ги користат јавните сервиси на интернет за барање работа, поднесување даночни пријави или регистрирање нови фирми. Земјите-членки кои ги прават основните јавни сервиси целосно достапни на интернет можат да им го олеснат животот на своите граѓани и фирми, истовремено намалувајќи ги сопствените трошоци“.

Над 80% од основните јавни сервиси се достапни на интернет

Достапноста на интернет на 20-те основни јавни сервиси, како што се регистрацијата на автомобили, даночните пријави или регистрацијата на нова компанија достигна 82% низ цела Европа во 2010 година, што е значително повеќе отколку во 2009 година кога истата изнесуваше 69%. Меѓу најуспешните земји-членки во однос на достапноста на јавните сервиси на интернет се: Австрија, Ирска, Италија, Малта, Португалија и Шведска, каде сите овие основни сервиси се целосно достапни на интернет. Бугарија, Италија и Латвија постигнаа големо подобрување во текот на изминатата година во однос на поставувањето на сервисите на интернет. Извештајот покажува дека сервисите за компаниите се понапредни од оние за граѓаните.

Квалитет на сервисите

Овогодинешниот извештај се фокусира на потребите и на невработените граѓани и на потенцијалните претприемачи. Во извештајот се разгледува начинот на кој јавната администрација ја намалува бирократијата и рационализирано ги прави достапни сите јавни услуги потребни за стартување компанија или за барање работа. Ова може да се одвива преку интернет портал или автоматски, на пример, кога една нова компанија ќе се регистрира за единствен даночен број, компанијата автоматски ќе добие и ДДВ број. Во извештајот се истакнува дека 55% од сервисите потребни за основање фирма се обезбедени или преку посебно наменет портал или автоматски во Австрија, Данска, Естонија, Ирска, Шведска и Обединетото Кралство. Но, само 46% од сервисите корисни за невработените лица во моментов се обезбедуваат преку портал за таа намена.

e-Набавки

Иако 70% од државните власти започнаа да работат со е-набавки, ниската општа распространетост на е-набавките (која според најдобрите проценки изнесува 5% од вкупните набавки) сè уште не отвора можности за поголеми придобивки. Ако е-набавките се целосно достапни и пошироко распространети, тие би можеле да донесат заштеди на трошоците за јавни набавки и до 30%.

Извор: Europe's Information Society "Digital Agenda: more EU citizens benefitting from online public services" 21 февруари, 2011.

Тагови: е-услуги
 

Наши изданија

ping_logo

Приватност на интернет на лесен начин

Filmovi-opme
Igri-opme

sajt_na_denot
sakas_da_volontiras

Creative Commons iconОсвен во случаите каде што не е експлицитно наведено поинаку, содржините на овој веб-сајт се лиценцирани
според лиценцата на Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела 2.5