| Шведска: Намалениот буџет за ИТ ќе ја притисне јавната администрација да користи слободен софтвер |
|
|
|
| 28.12.2011 |
|
Намалувањето на буџетите за ИТ ќе придонесе јавната администрација да користи повеќе слободен софтвер, вели Даниел Мелин, специјалист за набавки во ‘Statens Inköpscentral’, шведска агенција за набавки. Мелин беше еден од говорниците на Слободно општество, конференцијата што се одржа во шведскиот град Гетеборг во ноември. Тој е вклучен во развојот на Рамковната спогодба со која им се олеснува на јавните администрации во Шведска да купуваат ИТ услуги базирани на слободен софтвер од која било од петте претходно одбрани ИТ компании и нивните подизведувачи. Рамковната спогодба им олесни на јавните администрации да набавуваат ИТ-услуги базирани на слободен софтвер, според Мелин. Тој ги наведе неодамнешните бројки добиени од Е-Delegationen, проект кој има за цел да го направи јавниот сектор попристапен, покажувајќи дека алатките базирани на слободен софтвер се користат на 21 отсто од десктоп-компјутерите во јавната администрација. Овој вид на софтвер уште почесто се користи кај серверите (43 проценти), базите на податоци (39 отсто) и оперативните системи (30 отсто). Правната рамка подготвена од Statens Inköpscentral содржи само неколку клаузули кои се радикално различни од оние во стандардните договори, рече Мелин. Тие имаат за цел да создадат конкуренција меѓу добавувачите, да ги намалат ризиците за купувачите и да обезбедат дека софтверот развиен со парите на даночните обврзници ќе и се врати на заедницата“. Специјалистот за набавки смета дека повеќето државни органи во Шведска не се грижат многу околу тоа кој тип на софтвер ќе го користат. „Повеќето само сакаат да купат некоја апликација и да ја користат. Тие не се оптоваруваат со слободата или лиценците или споделувањето, или пак со доброто искористување на парите на даночните обврзници. Некои дури сметаат дека го подобруваат својот статус ако купуваат скап неслободен софтвер“. Извор: Joinup „'Lower IT budget will push public administrations to open source" 21 декември, 2011. |