|
18.05.2009 |
Ирина Шумадиева: Проектен координатор во Фондацијата Метаморфозис. Таа е дипломиран новинар на Правниот Факултет во рамките на државниот универзитет св. Кирил и Методиј во Скопје. Има работно искуство како автор и уредник на телевизиски проекти и списанија од областа на компјутерската технологија. Од 2007 година држи предавања по предметот Информатика во новинарство на факултетот каде што дипломираше. Во Фондацијата Метаморфозис се занимава со одржување на обуки за компјутерска писменост и примена на софтверски алатки за мултимедијално изразување, подготовка на содржини за објавување во печатени медиуми, освежување на веб-сајтови и учество во реализација на проекти. Таа исто така работи во полето на заштита на децата на интернет како и на промоција на лиценците на Криејтив комонс во Македонија. Моментално е студент на постдипломски студии по комуникации.
|